Писателот Гоце Ристовски е добитник на меѓународна награда за драмски автор што ја доделува Меѓународниот театарски фестивал што се одржува во Анадолија, Турција.

Жирито ги вреднуваше домашните и странските театарски движења и одлучи да бидат наградени театарски луѓе кои ја збогатиле со својот придонес театарската уметност во периодот 2022-2023 година. Во областа на драмската литература жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски во драмската литература преку неговите драми, вреднувајќи ги високо и со задоволство му ја додели „Меѓународна награда за драмаски автор, се вели во образложението.

Наградите, како што се посочува, ќе бидат врачени на свеченост што ќе се одржи на 24 април.