Вицепремиерот Бујар Османи завчера имал работна сабота и си задал задача да провери каде и колку (не) се спроведува двојазичноста во Република Македонија.
– Ало, добар ден, Бујар Османи е на телефон. Како сте директоре? Да, јас во сабота се јавувам само сакав да ве прашам, бидејќи сум тука пред институцијата и гледам дека таблава ви е само еднојазична. Каков ви е планот за менување?- го запраша по телефон Османи директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров.
Сето ова Османи го снимил на видео кое го објави на својот профил на Фејсбук, во кое тој настапува во улога на инспектор и ја проверува двојазичноста низ Македонија.
Во акцијата, како што се гледа на видеото, Османи епридружуван од директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за јазици, Илбер Села. Тој и Села ги проверуваат таблите на државните иснтитуции дали се двојазични. Османи на повеќемина од директорите им се јавува по телефон за да ги потсети на обврските.