Повредените во автобуската нерсеќа според информациите на лекарите се во добра здравствена состојба. Завршени се дел од операциите, а дел ќе бидат завршени денеска, изјави за МИА министерот за надворешни работи Бујар Османи пред болницата „Пирогов“ во Софија.
Османи кажа дека доаѓа во болницата да ги посети и да искомуницира со повредените, како и да ја олесни комуникациијата со смејствата и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идфентификација на жртвите.
Запрашан во врска со истрагата, тој посочи дека е таа започната од институциите во Бугарија.
-Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат заппочнато. Тука се и нашите експерти и доколку треба да помогнат, тука се и експертите од судска медицина. Очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификација. Важно е семејствата да бидат информирани на време и што побрзо да се заврши овој процес за да може посмртните останки на настраданите да ги пренесеме во Скопје, рече Османи.
Во однос на тоа што може да се направи на дипломатски план, Османи кажа дека веќе се испратени двајца искусни дипломати-конзуларци во Амбасадата за да можат да им помогнат на луѓето.
-Денеска ќе бидам тука и јас, а веројатно и утре за да се олесни координацијата и комуникацијата. Многу е важно се да се заврши навремено и луѓето да бидат информирани, нагласи Османи.
Тој потврди дека имаат помош од бугарските власт и се во постојана комуникација.
– Да, апсолутно уште вчера вопоставивме јасна координција меѓу институциите, цело време сме во комуникација и очекуваме така да продолжи и понатаму, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Хоспитализираните во „Пирогов“ успешно оперирани, нивната состојба е стабилна
Состојбата на повредените во автобуската несреќа е добра и тие се во стабилна општа состојба. Нема опасност по нивното здравје. Од болницата „Пирогов“ денеска соопштија дека пациентите се соодветно згрижени и нивната состојба се следи од разни специјалисти. Извршени се сите потребни итни интервенции.
-Постоперативната состојба на пациентите се оценува како добра. Денеска претстојат две дополнителни оперативни интервенции. Кај една од жртвите ќе бидат извршени дополнителни медицинско – дијагностички процедури со што ќе се даде поголема јасност за идниот терапевтски третман на пациентот, соопштија од болницата „Пирогов“.
Во вчерашната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум беа повредени. Шест од повредените се на Клиниката за изгореници и пластична хиругија во болницата „Пирогов“ во Софија, додека еден е на трауматологија.
Началничката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата проф. д-р Марија Аргирова, како што јавува дописникот на МИА од Софија, изјави дека на сите пациенти им се направени успешни оперативни интервенции на самиот ден на примањето.
-Сметам дека оние кои се во стабилна состојба и имаат можност, во следните денови ќе можат да си заминат, но таа одлука се уште не сме ја донеле. Еден од нив има длабоки изгореници на двете раце, што треба да се оперира, а на едно девојче треба да му биде оперирано десното колено. На друга пациентка вчера и и е направена операција на десното колено. Состојбата им е стабилна, изјави проф. д-р Аргирова. нк/ев/