Според потпишаното денеска во Софија меѓу Албанецот Османи и Бугарката Генчовска, а што се однесува на Македонците во Македонија, со прослава на заеднички историски настани ќе се почне уште во 2022-2023 година. 

Тоа ќе бидат настани кои ќе бидат договорени од комисијата з аисторија. До 2024 година треба да с епроменат учебниците, откако претходно зелено светло ќе дадат историчарите.

Според протоколот, двете страни ја охрабруваат Комисијата да ја заврши расправата за средновековниот период за една година, но не ја обврзуваат. Услов во протоколот, но и во преговарачката рамка е вклучување на Бугарите во македонскиот Устав, а доколку тоа не се случи, нема да има втора меѓувладина конференција и отворање на преговарачките поглавја со ЕУ. Од Владата во Скопје, пак, по прифаќањето на францускиот предлог, уверуваат дека нема никакво посегнување по македонскиот јазик и идентитет, пишува „Сега“.