Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со неговиот колега од Владата на Косово, Енвер Хоџај, денеска го посетија местото каде се вршат градежните активности на стратешкиот проект Белановце – Станчиќ, и извршија увид во градежните работи и напредокот на проектот.
– Овој објект е буквално заеднички објект на двете држави, и претставуваше посебен административно изведбен предизвик, имајќи предвид дека за неговата реализација мораше да се усогласуваат правилата на двете држави, истакна Османи.
Додаде дека проектот е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу нашата држава и Република Косово во износ од 1.200.000 евра, чија изведба е усогласена и со правилата и стандардите што ги наложува Европската Унија.
– Токму затоа овој проект, покрај неговата економска и административна намена, има и длабока политичка димензија, укажувајќи на добрите односи и довербата на двата соседи, истакна Османи.
Тој посочи и на останатите проекти што се реализираат во насока на унапредување на меѓусебната комуникација од двете страни на границата.
– Да потсетам дека за овој премин претходно го изградивме патот од село Опае до Белановце во должина од 16 километри. Пред неполни две недели се отвори и автопатот „Арбен Џафери“ од Приштина до границата со нашата држава. Наскоро ќе започне да се гради и делот во С. Македонија до Скопје, со што главните градови на двете земји ќе бидат оддалечени само 40 километри, додаде Осман