Денешната одлука на Кремљ за воени дејствија на руските воени сили не се ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои ги осудуваме на најсилен можен начин, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Во овие тешки времиња ние сме со Украина, се додава во објавата на шефот на македонската дипломатија.