Молкот од Владата во врска со францускиот предлог, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е државна стратегија, со цел да не придонесат кон каква било дестабилизација.
Но, како што истакна тој, имало обид за хибридни напади. Луѓе од државата се јавувале кај министри и политички партии и министри, со лажни информации за да се обидат да ја нарушат оваа стратегија.
Во гостување во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат, министерот Османи истакна дека доколку се докаже дека тоа е дел од некоја поорганизирана шема за да се наруши државната позиција, тоа поведува сосема други прашање и додаде дека ова не се однесува на новинарите и аналитичарите кои „во недостиг на информации биле принудени да создадат свој наратив“.
Османи истакна и дека вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка за македонската страна го прави францускиот предлог неприфалтив.
-Бидејќи се создаде таква хистерија по однос на францускиот предлог, а генерално таму е едно прашање на коешто забележуваме и сметаме дека го прави неприфатлив за нас. Тоа е прашањето на вметнување на протоколот во преговарачката рамка, вели министерот.
Тој додаде дека во досегашните предлози на Комисијата и во текот на германското и португагалското и словенечкото претседателство, секогаш, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство биле во основниот документ, во преговарачката рамка во параграфот 5.