Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави одговор на бившиот министер и негов колега во претходниот владин состав, Никола Димитров.

– Мислев дека ќе можам да ја задржам дипломатската пристојност, и да не говорам за отстранувањето на документите од архивата на МНР пред моето доаѓање во куќата, но кога ќе се поминат црвените линии на пристојност, сите треба да ги отвориме картите до крај. Ова е сегашната наша ситуација во односите со Република Бугарија, пишува Османи.

Османи вели дека досега имаме потпишан само еден Протокол, потпишан токму од неговиот претходник, во кој има неколку јасни обврски за кои само сме се обврзале, но и не сме ги реализирале:

– Првата е дека го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата „Илинден Преображение – востание“, создавајќи со тоа рамка во која Комисијата се очекува да делува, што, пак, создава тешкотии во нивната работа, но воедно и веќе создала преседан во односите со Република Бугарија, дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата. Второ, потпишувајќи го единствениот Протокол, мојот претходник ја обврзал и Комисијата, но и земјата, пред целиот свет, дека имаат краток рок до крајот на 2019 година, да најдат решение за Гоце Делчев и востанието, сега веќе и дефинирано согласно бугарската позиција како „Илинден Преображение“. Не сметам дека имал лоши намери тогаш, но нема да го премолчам неговиот обид сега да се „пенави“ на нашиот обид да направиме пристоен Протокол, во кој нема да се обврземе за содржината, туку за принципите на нашата работа, претставувајќи нѐ сега нас како предавници на неговиот потпис. За 28 дена ќе заборавите на болките во зглобовите или кичмата!- пишува Османи.

Тој, како што објави ТВ 21, вели дека ќе продолжат со работата без разлика колкава хистерија ќе создаде неговиот претходник.

– Ќе обезбедиме пристојно решение со Република Бугарија, но и Европска иднина за земјата. П. С., овој документ кој сега го презентирам, во неговата физичка форма недостасува во МНР, очекувано е кој си го земал пред да си отиде и со какви намери, додава Османи.

Претходно го објавивме и ставот на Димитров, кој може да го погледнете ТУКА.