Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервјуто за провладиниот Цивил медиа на прашањето за руското влијание на Балканот, и колку сме отпорни на тоа, одговара со медицинска терминологија.
И велите, гласи прашањето до Османи, дека всушност македонската држава и општество се отпорни на руската агресивна политика, особено заради тоа што сме членка на НАТО?
– НАТО квалитативно ја смени ситуација во однос на отпорноста, но мислам дека не треба да ја земеме работата здраво за готово, туку напротив треба да работиме прво да ги зајакнеме институциите и да го продолжиме патот. Знаете, тогаш, во текот на Ковид имаше една приказна – НАТО е прва доза на вакцината, а ЕУ е втората доза. Значи, за комплетен имунитет од такви малигни влијанија ни требаат двете дози, и НАТО и Европската унија. Така што, приказната сé уште не ни е завршена во однос на отпорноста и тука прашањето на ЕУ е клучно, гласи „дијагнозата“, односно одговорот, на Османи за „малигната политика“.