Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на новинарско прашање дали е точно дека ДУИ во текот на преговорите инсистирале да се смени целиот тим од СЈО, на чело со Катица Јанева, истакна дека тоа е лажна вест и оти никогаш ДУИ го немала покренато тоа прашање, ниту пак, употребата на бомбите во постапките.
– Апсолутно тоа не било барање на ДУИ, ниту би го оспориле доколку би се вратило како решение. Тоа што ние разговараме во поглед на законот за обивнителство, како ќе се регулира прашањето на правичната застапеност, рече Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по промоцијата на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
Османи истакна дека ДУИ ќе продолжат со поддршка да се обезбеди мнозинство и да се усвои новиот закон за јавно обвинителство, во кое е инкорпорирано СЈО, бидејќи, подвлече, ќе биде важна одредница за проценка на успешноста на реформската агенда.