Министерот за надворешни работи информира дека од Националниот демократски институт е стигнато барање за привремено сместување на дополнителни 200 цивили, покрај бројката од 186 граѓани од Авганистан за привремено прифаќање во земјава, за која извести Владата.
Појасни дека станува збор, пред се, за жени и деца на активисти вработени во НДИ во Авганистан, а списоците ги третираат надлежните служби, МНР, МВР и согласно на тоа ќе се одговори на тие барања.
-Во однос на цивилите од Авганистан за коишто државата се понуди да прими привремено дел од нив во државата, вчера известивме преку Влада, дека за одредена бројка за којашто има барање од страна на меѓународнни агенции и организации, пред се тоа се активисти за човекови права, семејества на вработен во меѓународните организации, пристигна исто така вчера и дополнителна листа од НДИ кој список се обработува од страна на МНР, од страна на надлежните служби и ќе се постапи по нив.. Како се даваат одобренијата, така граѓаните можат да пристигнат. Меѓутоа имајќи предвид дека бројот на летови од Кабул е значително ограничен, оттука не можеме да кажеме кога точно тие цивили би пристигнале во државата, но потоа ќе бидат третирани согласно внатрешните правила на однесување и ќе бидат сместени во капацитети коишто ќе бидат обезбедени, рече Османи на прс-конференцијата во МНР.
На новинарско прашање дали и за цивилите од Авганистан покрај за нашите граѓани кои се евакуираат од Кабул, ќе се изрече мерка карантин, тоа според него, ќе зависи од нивниот вакцинален статус и од други епидемиолошки карактеристики, за што решава Комисијата за заразни болести и Министреството за здравство. Во Владата е формирано координативно тело, во кое што учествуват министри коишто покриваат прашање од оовј домен и одлуки ќе се носат час во зависност како се менува ситуацијата.
Во однос на сместувањето, Османи посочи дека Координативното тело во Влада, веќе прави список на сместувачки капацитети коишто покажуваат интерес и имаат можност да ги прифатат овие цивили, а трошоците ќе им бидат платени.