Благодарност до министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати за покажаната солидарност, објави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи за 2.000 дози вакцина против Ковид-19 кои треба да стигнат од ОАЕ.
– Благодарност до министерот за надворешни работи на Емиратите за покажаната солидарност. Вчера контактирав со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдулах бин Зајед, со барање за вакцини. Неговиот одговор беше брз и моментален, еден дел од 2.000 вакцини испратени уште денес за да се обезбеди континуирана вакцинација се додека десетици илјади други не стигнат од Европската унија, објави министерот на Фејсбук.
Османи не соопшти за која вакцина станува збор.
И министерот за здравство Венко Филипче денеска пред новинарите се пофали дека преку кординација со македонскиот амбасадор во ОАЕ било договорено вакцините да слетаат на софискиот аеродором, а од таму денеска да пристигнат во Скопје.