Денешната одлука на Бугарија во Брисел може различно да се протолкува, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во изјава за ТВ21.
Османи рече дека одлуката со која Бугарија става кочница за Македонија во ЕУ „некој може да ја протолкува како вето, а некој како потреба од дополнително време за наоѓање на заедничко решение“.
– Според нашите сознанија, одлуката требаше да се донесе на 10 ноември, а сега е преместена за една недела. Некој ова може да го протолкува како вето, а некој како потреба на дополнително време од една недела за наоѓање некаков компромис, рече Османи во интервјуто во „10 Минути“ на ТВ21.