СДСМ вети 300 пилоти во Арачиново, а не ДУИ, исјави синоќа вицепремиерот Бујар Османи, кој беше гостин во емисијата „Што не е јасно“.
Тој на прашањето за 300 пилоти одговори дека тоа СДСМ има ветувано, не ДУИ и дека лицето кое тоа го откри е гласач на СДСМ, така што тоа не е прашање што се однесува на ДУИ, ниту на Владата.
Османи додаде дека тие се грижат за граѓаните, ДУИ се грижи за ветувањата кои што тие ги даваат пред граѓаните. И се обидуваат да испорачаат тоа што го ветуваат. И не ветуваат тоа што сметаат дека не можат да го испорачаат на граѓаните.