Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од седиштето на Државната изборна комисија упати порака до сите учесници на претстојните парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.
– Секогаш кога ќе дојдам на средба во ДИК велам дека овој пат треба да има фер и демократски избори, но овој пат навистина тоа така треба да биде, изјави Османи нагласувајќи дека на 26 март, на четвртиот ден од кампањата, е состанокот на Европскиот совет, а потоа следуваат и други состаноци поврзани со нашите евроинтеграции.
-Пресвежо ќе биде во сеќавањето на земјите – членки, додаде вицепремиерот, потенцирајќи дека одговорноста на сите е многу поголема и треба зрелост, рече Османи.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) истакна дека секој од учесниците да си ја земе сопствената одговорност за организирање на изборите и граѓаните слободно да ја изразат својата волја и да излезат на гласање.
Вицепремиерот Османи рече дека на денешната седница на Владата ќе информира за потребата за носење на измените на Изборниот законик, кои се во драфт верзија и се уште не се во владина процедура. Последната собраниска седница ќе биде закажана на 3 февруари, кажа Османи.