ОСМАНИ: Со голема загриженост ја следиме состојбата во Република Косово, неприфатливи се нападот врз косовската полиција и Еулекс

/ 11.12.2022

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Република Косово. Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук.

-Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со  посредување, пишува во статусот на министерот Османи.


Од истата категорија