Демократската унија за интеграција изразува целосно незадоволство од начинот на кој одредени структури извршија упад во работат на Исламската верска заедница. Апелираат од Владата да ги почитува уставните начела на автономност и независност на верските заедници и да ги почитуваат одлуките на органите и телата на Исламската верска заедница
„Република Северна Македонија е секуларна држава, и независноста на верските заедници претставува уставна категорија, која државата и институциите треба да ја гарантираат. Како политичка партија имаме апсолутна поддршка за автономијата на Исламската верска заедница, и сметаме дека единствено надлежни за разрешување на нивните внатрешните спорови, претставуваат органите на институцијата, а не органите на државата или политичките, изјави Бујар Османи.