Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници се упатиле во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не било констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

„МВР има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa“, соопшти МВР.