И Македонија го затвора воздушниот простор за руските авиони, откако тоа го направија повеќе европски земји во изминативе неколку дена.
Оваа информација ја објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
– Владата тукушто одлучи да им се придружи на други ЕУ држави во забраната за прелет на руските авиони во воздушниот простор. Ние сме одлучни во нашата поддршка за Украина и ја повикуваме Русија веднаш да престане со воените акции. #StandWithUkraine“ – објави Османи на својот официјален профил на Твитер.