Стресот е прилично непријатен и исклучително неповолен и за психичкото и за физичкото здравје, а понекогаш самото тело покажува дека се бори со премногу стрес, т.е. кортизолот – „хормонот на стрес“ е во раст. Како да се препознае превисоко ниво на стрес? – Стручњаците издвојуваат три основни признаци.

  1. Немирно спиење

Ако човекот се буди често во текот на ноќта или спие немирно, тоа значи дека е под преголем стрес.

  1. Чувство на замор

Вишокот стрес се изразува и преку постојан замор и покрај доволната количина на сон или испиено кафе.

  1. Постојана глад

Непрекинатата глад, или пак, невообичаено зголемената желба за слатки, исто така се показатели за покачен кортизол.