Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Кина спроведува провокативна и дестабилизирачка воена активност во близина на Тајван.

– Гледаме дека Пекинг зазема сè поагресивен став, рече Лојд во Сингапур, за време на безбедносниот форум „Дијалог Шангрила“.

Тој рече дека се забележува континуиран пораст на провокативните и дестабилизирачки воени активности во близина на Тајван.

– Кина нема да се двоуми да почне војна доколку Тајван прогласи независност, изјави вчера во Пекинг портпаролот на Министерството за одбрана по средбата меѓу министерот за одбрана и неговиот американски колега во Сингапур.

– Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми ниту за момент да започне војна, без разлика колкава е цената, рече Ву Џијан, пренесувајќи ја изјавата на министерот за одбрана Веи Фенге за време на состанокот со американскиот колега Лојд Остин.