Поранешниот американски амбасадор Виктор Мануел Роша вчера е осуден на 15 години затвор поради повеќедецениско шпионирање во корист на Куба.
Роша (73) е уапсен на почетокот од декември и е обвинет дека шпионирал за комунистичката Влада во Хавана. Тој имаше пристап до доверливи документи и влијание врз американската надворешна политика.
Тој призна вина и е осуден на максимална казна пропишана со закон, соопшти Судот во Мајами.
Роша повеќе од 40 години работел како таен агент на Куба. Тој од 1994 до 1995 година беше член на Советот за национална безбедност, за време на мандатот на Бил Клинтон. Роша беше амбасадор во повеќе земји во Јужна Америка, вклучително и на Куба.
фото: ЕПА