Најмалку осум лица загинаа, а неколку други се повредени на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон, во американската сојзуна држава Тексас, соопштија локалните власти.
Противпожарната служба се појави со соопштение неколку часа откако беше пријавено дека на фестивалот има стампедо од луѓе.
-На лице место се забележани десетици амбулантни возила, здравствени работници и друг персонал, јави локалниот огранок на Еј-Би-Си.
Противпожарната служба во Хјустон на Твитер соопшти дека нивните екипи се на лице место откако биле информирани за „повеќе повреди на цивили“.
Според надлежните од противпожарната служба, врз најмалку две лица била извршена кардиопулмонална реанимација.