Најмалку 84 лица загинаа вчера откако цистерна со гориво експлодира во предградие на главниот град на Сиера Леоне, Фритаун.

Мохамед Ламран Бах, од Националната агенција за управување со катастрофи на Сиера Леоне (НДМА), за Си-Ен-Ен кажа дека во инцидентот се повредени и други лица, од кои неколку се во критична состојба.

Ивон Аки-Сојер, градоначалничката на Фритаун, на Фејсбук напиша дека е „погодена од веста за експлозијата на патот Баи Буре, откако камион што превезувал гориво се судрил со друг камион“.

„Видеата и фотографиите од социјалните мрежи се болни за гледање. Упатувам сочувство до семејствата на жртвите од експлозијата. Нека душите на починатите почиваат во совршен мир“, додаде Аки-Сојер.

Видео од местото на силната експлозија може да погледнете на следниов ЛИНК.