Двата негативни тестови кај починатата жена од Куманово отвораат дузина прашања на кои Супремен Филипче засега не даде одговор:
Прво: Каде се правени тестовите?
Воро: Дали е правилно земен брисот? Во Куманово или во Скопје?
Трето: Кој сега гарантира дека тестовите се во ред?
Четврто: Дали жената била лечена според протоколите за Ковид 19, иако тестовите биле негативни?
Петто: Според тврдењето на нејзиното семејство таа била лечена по телефон во текот на неколку дена? Како е тоа можно?
Шесто: Дали има друг пријавен случај во светот каде пациентот носител или заболен од Ковид 19 бил носител, а тестовите биле негативни? Во литературата и во практиката постојат случаи, на пример кај некои автоимуни болести, каде тестовите за таа болест се негативни, а сепак, пацинето ја има болеста што с еутврдува и ан други начини. Но, тие болести не се пренесуваат од човек на човек и последици за другите нема.
Седмо: Ако има такви примери, каде, во кој медицински часопис е опишан тој случај?
Осмо: Дали овој случај со жената од Куманово значи дека сите негативни тестови направени досега вво Македонија паѓаат во вода, бидејќи според овој случај, можно е некој да е негативен, а да не развие симптоми како жената од Куманово (ако не се лажеме, голем процент на заразени нема да развијат симптоми, а само кај 20 отсто ќе се случи тоа) и со тоа да не биде во принудна изолција или самоизоалција и слободно да го пренесува вирусот меѓу другите?