Проучениот оперски пеач Пласидо Доминго е позитивен на корона вирусот. Тој таа информација самиот ја сподели со јавноста:

„Сметам дека моја морална должност е да ви кажам дека сум позитивен на Ковид 19. Моето семејство и јас сме во самоизолација се додека тоа се смета за медициснки неопходно. Моментално сме добри, но јас имав симптоми на грозница и кашлање, па решив да се тестирам и резултатот беше позитивен“, навел Доминго.

„Ве молам сите да бидете исклучително внимателни, да се следат основните препораки – мијте ги рацете, држете се на дистанца од другите, правете се што можете да го сопрете ширењето и, ве молам, останете дома“, додал.