Европските царини за најпознатите американски производи, како моторите Харли Дејвидсон и бурбонот, се само почеток, дознава Фаненшл тајмс, кој имал увид во плановите на Европската комисија.
Во случај САД да воведат царини за европските автомобили, Брисел подготвува попис на американски производи вредни 18 милијарди евра, меѓу кои е и познатиот американски кечап, како и замрзната риба, па дури и самолепливи траки.
Американскиот претседател тврди дека увозот на автомобили е главна причина за американскиот дефицит во трговијата со ЕУ од 151 милијарди долари. САД во моментов увезените автомобили ги царини со 2,5 отсто, додека Европа наплатува 10 отсто.Трамп сега се заканува со царина од 20 отсто. Тоа би се одразило на 58 милијарди долари од европскиот извоз.
На 22 јуни стапија во сила реципрочните трговски мерки на Европската унија против новите царини на САД врз челик и алуминиум. Царини се воведоа за челикот, Харли Дејвидсон мотоциклите, тутунот, бурбонот и сок од портокал, меѓу другите производи.