Кинескиот тим во стрелање со воздушна пушка во мешани двојки го освои првиот златен медал на Олимпијадата во Париз.

Во финалето претпладнево кинеските спортисти ја совладаа селекцијата на Јужна Кореја со резултат 16:12. Селекцијата на Казахстан го освои бронзениот медал, победувајќи ја Германија.

Пласман на најдобрите во Стрелање со воздушна пушка на 10 метри екипно микс:
1. Кина
2. Јужна Кореја
3. Казахстан
4. Германија.

Фото: ЕПА