Отец Ѓорги

Браќа и сестри, нашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Свети Атанасиј -зимен, а на 15/2 мај Свети Атанасиј Велики – летен. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Свети Атанасиј Велики учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на Ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.

Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години.

По поразот на Никејскиот собор Ариевците се обиделе да се вратат во црквите.
Нашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Свети Атанасиј или Танасовден -зимен, а на 15/2 мај Свети Атанасиј Велики или Танасовден – летен. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Од житието на светителот

Свети Атанасиј Велики учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на Ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.

Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години.

По поразот на Никејскиот собор Аариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атансиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал. Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон Ариевците, а потоа ги одбил и наредбата на царот еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија. Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.

Уште четири пати Свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така Свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г.

Народни верувања, обичаи и преданија

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците. Сепак како предупредување дека зимата не е замината односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е “„средзима“ е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава. Во Охрид се сметало дека Св. Танасиј е „среде зима коложега“. како што на Е. Спространов раскажувачката што му раскажувала за празниците му кажала и една лазарска песна за цвеќињата што никнуваат во овој период од годината. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атансиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал. Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон Ариевците, а потоа ги одбил и наредбата на царот еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија. Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.