„Домовите ни опустошуваат, државата ни ја распродаваат, а народот го понижуваат! А во сето тоа предњачат истренираните момци и ним слични од тимот на фондацијата „Отворено општество“! И сега што? Ако коза лаже рогот, односно, реалноста ги сведочи фактите!!! За само две години направија УЖАС, од рушење на темелните национални интереси преку морална и воздушна загаденост до тотална безидејност и послушност на ‘отуѓените центри на моќ’!“, напиша на Фејсбук, презвитер Ивица Тодоров, свештенослужител во МПЦ – ОА, кој сподели емисија од Топ тема на Телма, снимена на 25 јануари 2017 година, на која гостува со новинарот Љупчо Бојаровски, со констатација дека тоа што го кажал пред две години се остварува.

Поводот за емисијата беа ставовите за Сорос на отец Ивица, според кого, целта на Сорос е човештво без човек, без идентитет, без став, вредност и вистина.

– Целта е ментална и генетска мутација, а со цел личностите кои се целна група за обработување да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнање на ментално/ интелектуалните и духовните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештво. Последната фаза на оваа програма, се разбира во целата оваа режија има и други деструктивни програми, тоа е формирање човештво без човек, односно, човештво без идентитет, односно, човештво без став, вредност и вистина, напиша пред две години отецот.