Отец Ивица ТОДОРОВ

Кој е навистина ИСУС (Јешуа) ХРИСТОС (Месија)?
Што се случи кога Исус се преобрази пред апостолите?

А по шест дни ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брата му Јована, и ги изведе во висока гора сами; и се преобрази пред нив; и лицето Негово Му светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина.
(Матеј 17, 2)

Тој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар; бидејки преку Него е создадено се’ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти (се мисли на ангелските сили), се’ е преку Него и за Него создадено. (Колосјаните. 1, 15)

Во почетокот (на се што постои) беше Словото (Логосот), и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. Тоа во почетокот беше во Бога. Се’ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што стана… Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна. Дојде при Своите и Своите не Го примија.. И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
(Јован 1, 1 – 14 )

Кој иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков на Бога (еднаков во смисла на тоа што ја поседува истата божествена природа како Небесниот Отец); но Сам Себе си се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек; Сам се смири, откако стана послушен дури до смрта, и тоа смрт на крст. Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име…
(Филипјаните. 1, 6 – 11)

Филип Му рече: Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е! Му одговори Исус: “толку време Сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: Покажи ни Го Отецот? Не веруваш ли дека Јас сум во Отецот и дека Отецот е во Мене?
(Јован 14, 8 – 9)

Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крај – вели Господ, Кој е, Кој бил, и Кој ќе дојде, Седржителот.
(Откровение. 1, 8 )

Јас Сум Првиот и Последниот и Живиот. Бев мртов, и ете жив Сум за сите векови.
(Откровение. 1, 17 -18)