Во мојот 45 годишен стаж како свештеник сум крстил повеќе од 10.000 струмичани и сум венчал 7.000 младоженци, вели отец Димитар Крцев во интервју за порталот Струмица денес.
– Отец Крцев е човекот кој со својата посветеност на црквата остави траен и неизбришлив белег во верскиот живот на секој струмичанец. Срдечен, искрен и доследен на својата работа и ставови, поп Мите веќе долги години и’ служи на струмичката епархија и нејзините верници. Со неговото богато искуство, тој полека, но квалитетно ги учи помладите генерации верски лица правилно да ја сакаат и проповедаат својата вера, пишува порталот.
Тој е човекот за кого верата и нацијата се две нераскинливи нешта, една симбиоза која се надополнува и се’ додека постои едното, ќе го има и другото. Тоа е човекот кој без да врти одоколу, користејќи ја разбирливоста на народниот збор, го поддржува стремежот да се биде свој на своето, да се сака и почитува ближниот, верата и државата, објавува порталот во опширното интервју со популарниот струмички свештеник.