Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни  коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Поради голомразица  денеска напладне е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Валандово, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради врнежи од снег и ниски температури  забрана за сообраќај на тешки товарни возила има и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема  и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.