На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема  и по потреба според условите на патот да ја употребат, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

Поради врнежите од снег во сила се забрани за тешки товарни возила на патните правци Кичево-Охрид, преку Стража, и Маврово – Дебар.