Досегашните истражувања покажаа дека паметните луѓе имаат значително поголеми проблеми во наоѓањето на љубов и партнер, а еве ги и причините поради кои е тоа така.

Тие постојано ги анализираат чувствата

Паметните луѓе се многу вешти во собирањето информации и извлекување на заклучоци. Оваа вештина доаѓа до израз и во односите со другите луѓе. Ова е предност меѓутоа и недостаток, затоа што тие најверојатно први ќе си заминат од врската штом се појави првиот знак на некакви проблеми.

Им треба повеќе време за да некому ги откријат своите чувства

Нивниот мозок никогаш не престанува да работи. Тие пред да го отворат своето срце, ќе се сетат на многу причини поради кои тоа не треба да го направат. Тие знаат и сфаќаат дека секоја врска е еден вид ризик. Токму затоа тие секогаш изгледаат ладно, кул и отсутно, иако воопшто не се такви.

Учат од искуството

Ова е уште една стапица за паметните луѓе. Тие се сеќаваат на секоја болка од претходните неуспешни врски и раскинувања и не сакаат тоа да им се повтори. Тие дури може и несвесно да ја загрозат моментална врска од страв кој не го решиле од прекинувањето на претходната врска.

Не им е проблем да бидат сами

Паметните луѓе се свесни дека подобро е да се биде сам, отколку во врска што не им одговара. Ова е нивна свесна одлука. Поголемиот дел од времето, тие се недостапни поради обврски и разни околности, и тоа само затоа што така си одлучиле.