Четворица министри во Владата на Буркина Фасо се позитивни на коронавирусот, соопшти владиниот портпарол, додека бројот на заразени во таа западноафриканска земја се искачи на 64.

Инфицирани се министрите за надворешни работи, рударство, образование и внатрешни работи.

– Гласините се точни. Само што бев информиран дека имам Ковид-19, објави на Твитер шефот на дипломатијата Алфа Бери.

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Африка надмина 1.000, според податоците на Африканските центри за контрола и превенција на болести.

Ангола ги објави своите први случаи, а четворица министри во Буркина Фасо изјави дека се заразени.

Најмалку 50 африкански земји досега потврдија случаи на инфекција.

Брегот на Слоновата Коска објави дека од утре ќе ги затвори границите, додека изборните власти во Етиопија разговараа за можното влијание на вирусот на националните избори што треба да се реализираат подоцна оваа година.