Жртвите на сексуалните напади на американскиот филмски продуцент Харви Вајнстин ќе добијат вкупно околу 19 милиони долари, изјави главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс.

Вајнстин е прогласен за виновен и сега ја издржува казната од 23 години затвор.

„Помогнавме да се обезбедат речиси 19 милиони долари за оние жртви кои преживеале сексуално насилство и вознемирување од Харви Вајнстин”, напиша таа на Tвитер.

Натаму се додава и дека исплаќањето допрва треба да биде одобрено од Судот.