Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска ја пушти во употреба третата делница од автопатот Приштина-Скопје, во должина од 11 километри, до селото Доганај во близина на Качаник, јави дописникот на МИА од Приштина.
На свеченоста, меѓу останатите, присуствуаа повеќемина амбасадори акредитирани во Косово, министри во Владата, претседателот на косовското Собрание, Кадри весели, раководители на институции и претставници на компанијата изведувач „Бехтел Енка“.
Харадинај на свеченоста изјави дека неговата радост е „половична“, а ќе биде целосна кога наскоро во целост ќе заврши изградбата на автопатот „Арбен Џафери“, кој ја поврзува Приштина со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ.
Изградбата на последната траса од автопатот се планира да биде завршена до крајот на ноември годинава.