Пишува: Гоце ДЕЛЧЕВ

Чујам Македонци мои и Северни чужди, продале’ сте ме! Ја на Грците, ја на Блгарите. Мојо Кукуш направиле сте го Килкис, дале сте го на тија шо го запалија’ до темел. Мене сте ме направиле Блгарин, ето имали сте некој президент, „хубав той на Бойко“, така е казвал. Арен ли е този човек в умо? Ас не знам какви калпазани, какви мрсници сте вие, шо’ правите такви нешта, па реших да ви пишам.

Чујам тука горе, сакале сте да ја бришете историјата. Сандански дојде’, вика ми: Гоце, кој е за таа работа’? Викам – некоја си Царовска. Собра си бисагите човеко, одам вика да ја киднапирам. Ка можех мис Стон да ја киднапирам, ште можам и ваа. Викам му, Јане, за мис Стон добијаме пари да ја пуштиме, за ваа жена пари ќе ни дадат да не ја пуштиме. Ама, чујах, ка отворе устата, ние ште бегаме од неа. Нема да запре со следнио век, а ништо не казва. Дрн… дрн… дрн… ја мома на плот, ја тази министерка. Затова, седи тука, пиј една ракија, апни малко мезл’к, му викам, оти тука има сичко, и седи си на дебелото месо. Оти, земеш ли ја неа, крајо нема да ни се виде. Оште ак земеш уште една, за одбрана им била министер, сами ште поискаме да не префрлат в адот, само думан да фаниме од такви’те. Ние сме ти тегобни човеци, ама не до толко. Тази жени нема да ги истрпиме. Не се тоа Американката… И послуша ме човеко, оде да пине една ракија и остави’ ја таа работа.

Ќосетео, ах тоа Ќосето, разбрал дека таа жена давала по народо нешто като гуми, викате ги вие презервативи. Гума ли е, шо ли е тоа, не знам. Ами, вие калпазани мрсни, на таква жена дадете за историјата да кажува? Има ли нешто в тие ваш’те глави? Сем болви, разбира се! Чешете се од болвите, исчешеле сте го мозоко!

Дојде’ и цар Самоил. Жале ми се’. И него сте го предаделе на Блгарите. Викам му, добре’, ти и твоите и така’ сте слепци, искара ви ги Василиј – като и тие доле – грне и капаче сте’. Фана се за тоа мечо, фрште низ носо, ја за толко избегах да не ми и’ избриче мустаќите. Разбирам го, не му е арно на човеко. Борил се’, кралство направил, вие продадете’ го за чушки. Ојде да се смире, кажа’ и он ште ви пише едно писмо. На кој јазик, питувам го? Смее се, па после удри се за челото. Македонски, вие сами потпишате дека нема, блгарски – не иска човеко, византиски не разбирате… Понатам ми расправа, одел на Преспа, исушиле сте му ја. Коските му, Грците во Софија ги даделе, вие дремете си на… тоашо си дремете. Охрид не сакал ни да оде. Кажале му полвина табли там на арнаутски се, нема да најде п’то до тврдината. Ами Охрид, Блгариа ли е, Албанија ли е сега?

На Чакаларов не смеам да му расправам за ваа работа. Пазејте да не разбере оти и него сте го даделе – пола на грецкото, пола на блгарското. Мамката ште ви ја расплаке. Имало е там некој од Костур, башта на министеро шо му се суше р’ката од клетва, тоа министеро шо потписал с Грците, не е арно да се сретнат. Човеко бори се’, после ожени се в Софија, зафана работа, парички, сичко арно, и врна се да се боре за Македониа 13-та, а Грците исекоа му ја главата. И вие и него сте го продаделе? И баш на Грците и на Блгарите? Не, не, за вас един еким малко е! Ја го тука глумецо Ванчо, прости го Господ, лечи ве човеко с рицино, ама малко ви било. И Грците даваа ви рицино на времето, сега викат пак ште ви дават ако не застругате тоа С’лнцето на Александар, ама и тоа малко ви е. Пиете си вие, научиле сте се! Среќа, даде ви Господ да имате нужници дома! ТОа ви е напредоко в цел един век. Ја да беа полски като в наше време?

Как и да е, мислам се, какво да правам с вас!? Ќосето фанал му мерка на тоа скопскот кмет, на куцо магаре ште го седне, со арно, разбира се, 21 век сте вие, а и на таквите’ шо беа като чавки-гракалки за монументите ни. Другите човеци, остава ни ги на нас. Па да видиме какво ште стане!

А, чујам имали сте и некој вирус. Отепал е толко човеци, колко и Турците за Илинден. И молчете си. Вакцини има за сите, само за вас е немало. И пак си молчете! Добре, но една’ работа не ми е јасна: какви човеци сте вие? Зинали сте за лири, продаделе сте се на които стигнете, симнали сте бечвите на колена… Од прв до последен… Ха, ами за това ли ние одеме по шумите, калпазини мрсни и сега не смеете да гукнете ниту ка ви умират човеците? Тие умират, виа плескате? Арни ли сте, не ли сте?

Става дека ние Македонците, в мое време, бехме т’пи, ама упорити, как казват наште „братја“ Блгари. А вие, как ми личе, ем сте т’пи, ем не сте упорити. Наместиле ви лимове като болници, и викат ги „модуларни“, и пак плескате с’с раченцата. Ами лим си е лим, в мој Кукуш, не в Килкис, ами в Кукуш, викат го тенекија’. А од тенекија’ болница не става, ама вас ве гледат, как ми се чине, като малко глупички, па кажат ви зборот „модуларни“, стават ве в тенекија“ и вие радувате се’. Като дечичка на шеќер в бакалница. Е, Гоце, Гоце, нема шума којато не си ја минал, за виа човеци да плескат на тенекија’.

Е, да не забравам! Те го Александар, и него сте го продаделе. Кажа’ човеко ште ви пише. Лут е, не му излевајте на очи. И, шо е право, и за него ас не ве разбирам. Тоа грцкио Дендиас кара ви го министеро, тоа екимо Османи сос 28 милиони евра, и вика му дека ние не сме биле да се биеме на Ис, на Гавгамела… Ами ние ако не сме биле, кој е бил? Они ли? Те го Александар, држе се за стомаво… Смее се човеко… Ама и за тоа молчете… Като сомове в м’тна вода сте. Молчете си. Само за тендере, за апашлук знаете! И расправате се с’с Каракачан. Еее, од Александар минале се 2 300 години, и вие сте стигнале в развојот до кавга ус некој като Каракачан. А на грцкио министер му молчете! Хе, хе! Вие наистина сте модуларни или по кукушки, вие сте тенекии…

Ај, останејте ми здрави и живи, одам дека Даме, на маабет малко, после чека ме Јанка, расправа се нешто с тоа Герџиков, не е сакал човеко да држе волница в р’цете… Па ште ви пишам пак… Ја понеделник, ја вторник. Калпазани мрсни!