Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу С. Македонија и САД, се вели во честитката на премиерот Зоран Заев што преку Фејсбук му ја испрати на нопвиот американски претседател.

– На претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис им го честитам стапувањето на должност и им посакувам мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат. Мандат во кој сум сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира. Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу С. Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани, објави Заев на Фејсбук.