Вработените во Ј.З.У Здравствен дом Куманово преку отворено писмо до медиумите тврдат дека исти случај како неодамна во гостиварската болница се случил во нивната установа.

Имено на огласот од 06.12.2023 за доктори по стоматологија се прмени 100 % Албанци, а на огласот за сестри од 12 дури 9 се од албанска националност.

Целото отворено писмо ви го пренесуваме во целост:

„Во контекст на јавниот оглас во болницата во Гостивар, каде беа примени исклучиво Албанци и кој што беше актуелен изминатиов период во сите медиуми, би сакале да ве информираме за ист таков случај во Ј.З.У Здравствен дом Куманово.

Имено на огласот од 06.12.2023 за доктори по стоматологија се примени 100 % Албанци, а на огласот за сестри од 12 дури 9 се од албанска националност.

П.С. Примените кандидати се примени без претходно објавување на ранг листа.

П.С. Примените кандидати се примени во спротивност на балансерот при што се ускратени правата на кандидатите Македонци (доктори по стоматологија).

П.С. Кандидатите македонци на полагањето биле одделени од кандидатите Албанци во посебна просторија.

П.С. Кандидатите Албанци по кажување на членовите од комисијата воопшто се немаат појавено на полагањето.

Во интерес на професионално и чесно информирање на граѓаните објавете и за овој случај!

Во прилог ви ја праќаме одлуката за избор на кандидати за вработување во ЈЗУ Здравствен Дом Куманово“, стои во нивното отворено писмо испратено до сите медиуми.