Бугарски Монитор и не само тој, го одбележува денот на Св. Климент Охридски според бугарскиот црковен календар. Како што можете да видите, тој за Бугарија е „првиот епископ на бугарскиот јазик“. Инаку нашата црква, односно црквата на „нашата“ земја го носи името токму на св. Климент Охридски. Ако тој е бугарски епископ, тогаш јасно ви е што МПЦ, која впрочем самата призна дека е ќерка на БПЦ, за да можеле владиците на МОЦ да шетаат по православниот свет со своите мерцедеси и џипови и да сослужуваат со останатите владици од другите православни цркви.
Ние св. Климент го славиме на 8 декември. Но, на 8-ми ќе забележите дека ние нема да кажеме дека тој е македонски епископ, зашто ниту сме кажале порано, ниту сега смееме да кажеме такво нешто. Текстот на Монитор не ви го преведуваме бидејќи и онака е напишан на вашиот мајчин јазик чиј дијалект вие го зборувате. Така барем испаѓа според договорот на Заев.
Патем, черепот на св. Кимент е во Грција. Круната муе во Софија. Телото во Охрид. А св. Климент ниту имал врска со Грција, ниту со Бугарија.