Натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ често ги менува членовите на жири комисијата, а често се зборува и колкави се нивните хонорари.

Низ сезоните цифрите се менувале, а како што се дознава моменталниот состав има најголеми хонорари.

Иако висината на хонорарите се држи во тајност, медиумите дошле до информации за истите.

Марија Шерифовиќ заработува околу 3.500 евра по емисија. Пред неа е единствено Јелена Карлеуша со 5.000 евра, како што истакнува изворот. Така што само од овие емисии Јелена заработила годишно околу 200.000 евра.

Според српските медиуми, заработката е следна:

1. Јелена Карлеуша – 200.000 евра годишно
2. Марија Шерифовиќ – 140.000
3. Ана Бекута – 80.000
4. Вики Миљковиќ – 80.000
5. Драган Стојковиќ – 60.000
6. Ѓорѓе Давид – 40.000