Шестгодишната Алина Јакупова од Москва веќе 4 години е модел, на Инстаграм ја следат повеќе од 22.000 корисници и веќе ја доби и титулата за најслатко девојче на светот.

Алина се појави во неколку кампањи на познати модни брендови, а модните агенти и предвидуваат блескава иднина.

Нејзината популарност на социјалните мрежи постојано расте, а со својата убавина воодушевила многу луѓе ширум светот.

„Ангел“, „Прекрасна е“, „Најубава на светот“, „Поубава од било која друга на нејзина возраст“, се само дел од бројните слични коментари под нејзините фотографии на социјалните мрежи.