На социјалните мрежи се појави фотографија која им создаде главоболки на корисниците.

„Некој ми ја испрати оваа фотографија и ми рече да пронајдам леопард на неа. Бев уверена дека се работи за шега… Додека конечно не го здогледав. Можете ли и вие да го пронајдете?”, стои во описот на фотографијата која се шири по социјалните мрежи. Десетици илјади луѓе ја споделија фотографијата откако се појави на Твитер, а имаше и илјадници разни обиди.

Дали можете вие да го видите животното?

„Ми требаше предолго да го пронајдам“, „Дефинитивно би ме фатил“, „Одлично се сокрил, ве молам повеќе вакви загатки како оваа“, „Ме излудува ова, не го гледам“, пишуваа твитерашите додека го бараа.

Ако сè уште не го пронајдовте – еве го одговорот.