Рок-групата „Ганс енд роузис“ беше принудена да го прекине концертот во Абу Даби откако пејачот Аксел Роуз се пожали на „тешки проблеми со стомакот”.

Пред настапот Аксел излезе на сцената и на обожавателите им кажа дека пет часа повраќал, но дека се надева дека ќе биде во состојба да го одработи концертот.

Бендот свиреше повеќе од два часа пред концертот да биде прекинат поради болеста на пејачот.

Роуз ѝ кажа на публиката: „Цел ден сум на инфузија и на инјекции бидејќи се разболев. Повраќам веќе пет часа, но наместо да го откажеме, ќе го направиме најдобриот концерт што можеме”.

Иако обожавателите беа благодарни за обидот да го „протурка“ целиот концерт, лекарите со причина беа загрижени. Можеше да заврши трагично. Брза помош веднаш дојде до него, пишуваат американските медиуми.

Неговиот потег, исто така, го пофали гитаристот Слаш, кој напиша во една објава од „Твитер“: „Абу Даби, бевте одлични. Аксел беше сериозно болен, но вие бевте одлична поддршка, ви благодарам, се гледаме следниот пат.”