Како што налага традицијата, Белата куќа веќе е украсена со новогодишни украси и елки.

На официјалните профили на социјалните мрежи на Првата дама, Меланија Трамп веќе се објавени и фотографии и видеа од накитената Бела куќа.

Интернет „се подигна на нозе“ поради неколку бизарни работи.

На една од фотографиите Меланија ги допира украсите на елката со црвени ракавици, што за Твитер корисниците беше сигнал за шпекулации и безброј коментари.

Секако тоа не е се. Црвените ракавици на Првата дама се вклопиле во редот на црвени елки, кои веднаш на Твитер биле споредени со Русија и хорор филмови.