Вкусни и здрави овошни колачиња …

Потребно е:
за корпичките:
70 г овесни снегулки
40 г јачменови снегулки
30 г непечени бадеми
30 г исчистени печени ф’стаци
30 г непечени семки од сончоглед
30 г сусам
50 г исчистени урми
30 г кандирани брусници
70 г црно чоколадо
сок од 1 портокал (околу 130 мл)
1 лажица кокосово масло

за филот:
400 г кисела павлака
30 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
малку изрендана кора од портокал

и уште:
по малку малини, боровинки и парченца портокал или друго овошје, по желба

Подготовка:
– Киселата павлака помешајте ја со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете ја изренданата кора од портокал, измешајте и оставете ја во фрижидер до филувањето.

– Овесните и јачменовите снегулки сомелете ги во блендер.

– Бадемите и ф’стаците ситно исецкајте ги.

– Ситно исецкајте ги и урмите и брусниците. И чоколадото ситно исецкајте го.

– Сите суви состојки ставете ги во еден сад, додадете го сокот од портокал и растопеното кокосово масло и со раце убаво измесете ја смесата за да се спојат сите состојки. Треба да добиете влажна и леплива смеса која лесно се обликува.

– Во силиконски калапи за мафини ставете 1/12 од горната смеса (значи смесата треба да ја поделите на 12 еднакви дела). Со лажиче или со рака убаво притиснете ја смесата во калапот. Подигнете ја смесата по краевите на калапите да добиете облик на корпички.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути.

– Оставете ги малку да се изладат и извадете ги од калапите. Кога потполно ќе се изладат корпичките наполнете ги со филот од кисела павлака и одозгора наредете го свежото овошје, по желба.

– Служете ги разладени, а чувајте ги во фрижидер во затворена кутија.