Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли оцени дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе биде завршен до февруари следната година и ја повика германската канцеларка Ангела Меркел да се вклучи во решавање на проблемите во регионот.

– Намерата е Србија да го признае Косово, но не знам дали тоа можам да го наречам емотивно признавање, туку гаранција дека Србија нема да ја попречува изградбата на државата, слободното движење на луѓе и стоки. Како и да е Србија нема да ја попречува коегзистенцијата на Косово со Србија, како што Косово постои паралелно со другите земји во регионот, наведе Пацоли.

Тој ја повика и Меркел да се вклучи во решавањето на „отворените прашања помеѓу земјите од Западен Балкан.

– Секогаш сметав, дека покрај тоа што е голем лидер, Ангела Меркел е и генијална жена. Поради нејзината конструктивност, праведност и моќ да ги решава проблемите, нејзиното вклучување во решавањето на балканските проблеми е неопходно, посочи Пацоли.