Само во текот на една седмица цените на струјата на двете најважни берзи за нашиот пазар ХУПЕКС и ИБЕКС доживеаја голем пад.
Како што пренесе економскиот портал Фактор, побарувачката го изгуби здивот, на што веднаш реагираше и понудата. За испорака денеска еден мегаватчас струја на унгарската берза е за 109 евра поевтин од претходниот понеделник и чини 189 евра, а речиси иста е цената и на берзата во Софија.
Еден мегавач час електрична енергија со достава за денеска на берзата ИБЕКС во Софија чини 186 евра што е 46 отсто поевтино во споредба со пред една недела. Еден мегаватчас струја испорачан денеска на вчерашното тргување на берзата ХУПЕКС во Унгарија чини 189 евра и тоа е за 109 евра поевтино од цената што беше постигната на таа берза пред една недела.
Оваа вест буди надеж кај македонските компании, чии набавни цени на струјата зависат од берзите во регионот, а особено од берзата во Унгарија која заради солидната долгогодишна ликвидност се зема за референтна берза за нашиот пазар, пишува Фактор.